Принцезата Шарлот наполни 5 години – порасна и носи храна на ранливи семејства (фото)
- Детали
- сабота, 02 мај 2020
Принцезата Шарлот пред 5-иот роденден направи хуман гест – заедно со семејството носеше храна на жители на Норфолк на кои им е потребна помош.
Кралското семејство им помага на ранливите жители и пензионерите на кои им е потребна храна, а малата принцеза уште од сега почна да се впушта во овие должности.
Таа денес полни 5 години, а денот пред роденденот го помина така што носеше домашно направена паста од врата на врата.
Кембриџ семејството подготвиле домашна паста, спакувана во големи кеси и според изворите сите деца биле вклучени во иницијативата.
Официјалните роденденски портрети од Шарлот беа објавени на профилот на Кензигтонската палата, а зад камерата е мама Кејт.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат 4 нови фотографии од принцезата Шарлот пред нејзиниот 5-ти роденден. Фотографиите се направени од војвотката, а семејството помогна да се спакува храна за изолираните пензионери.“
М. М. | Црнобело