„Едвај чекам да станам баба!“ - Мајката на Џиџи ја потврди бременоста, фановите го открија полот
- Детали
- четврток, 30 април 2020
После шпекулациите за бременоста на Џиџи, сега имаме и официјална потврда – мајката на супермоделот, Јоланда Фостер, изјави дека нејзината ќерка очекува дете со Зејн Малик.
На Јоланда сè уште не ѝ се верувало, но била пресреќна:
„Секако дека сме возбудени. Возбудена сум што ќе станам баба во септември.“
Интересно е што откако се раширија гласините за бременоста на Џиџи, фановите веднаш почнаа да бараат „знаци“ на нејзините објави од роденденската забава.
Наводно, забавата не била само по повод 25-тиот роденден на Џиџи, туку и за откривање на полот на бебето.
Првиот „знак“ била бојата на конецот на балоните – сина и розова. А, бидејќи Џиџи го држела балонот со син конец, веројатно станува збор за момче.
И сестрата на Џиџи, Бела, помогнала во „разоткривањето“ - таа сподели „Instagram Story“ на кое се гледаат подароци во кеса за мало дете. Бела објави уште едно Story, на кое ја покрила кесата со подарок, а на која всушност пишува „Добредојде малечко“.
If I may I would also like to add what I found.. Bella had posted on insta stories of Gigi’s gifts and one bag is baby shark themed and in the next photo she purposely covered the writing on the bag.. I was wondering this before but the pieces are starting to come together 👉👈 pic.twitter.com/Vir1SWQoQf
— ❀ steph ❀ (@steph1Dsos) April 29, 2020
https://twitter.com/MalikMyWings/status/1255352983015096320
Последното нешто што ги убедило фановите е описот на објавата на Џиџи, каде што моделот напиша дека никогаш нема да го заборави 25-тиот роденден.
Во меѓувреме, TMZ, сајтот што меѓу првите ги објави вестите, сподели дека парот очекува девојче.
Спирова С. | Црнобело