Џиџи Хадид е 5 месеци бремена – по смирувањето, очекуваат дете со Зејн Малик
- Детали
- среда, 29 април 2020
25-годишната Џиџи го очекува нејзиното прво дете со момчето Зејн Малик. Наводно, супермоделот е во петтиот месец од бременоста.
Фановите првпат се посомневаа за бременоста на Џиџи на снимка од нејзиниот 25-ти роденден, што го прослави на семејна фарма во Пенсилванија.
Парот имаше неколку несогласувања, а во декември минатата година последен пат ја обновија врската, после пауза од речиси една година.
Според TMZ, новостите ги споделиле блиски извори, а полот на детето е непознат.
Во февруари, Џиџи спомна дека размислувала за деца:
„Мислам дека како што стареам, па, еден ден ќе сакам да започнам семејство и не знам дали секогаш ќе бидам модел.“
Џиџи и Зејн ја почнаа врската во 2015-та, откако се запознаа на снимањето на спотот за Pillow Talk. Неколку години живееја заедно во стан во Њујорк, а во 2018-та ги шокираа сите со веста дека се разделуваат.
Во 2019-та повторно беа забележани заедно, а до декември беше јасно дека ѝ дале уште една шанса на врската.
Спирова С. | Црнобело