Жељко Јоксимовиќ: „Секое утро помислувам дека сум среќен што Јована избра да го мине животот со мене“
- Детали
- четврток, 23 април 2020
Таа отворено вели дека го сака како и првиот ден, а тој дека е горд што ја има покрај себе и што го избрала токму него.
И по 8 години брак, Жељко и Јована Јоксимовиќ се вљубени како и првиот ден.
Во едно неодамнешно интервју пејачот проговори за исполнетоста на приватно и професионално поле.
„Се гордеам со Јована, секое утро кога ќе се пробудам и ја гледам покрај себе, горд сум на тоа што е таа тука и што добив шанса да бидам баш тој човек со кој таа одлучи да го мине животот.
Нашите кариери се во споредба со тоа сосема ситен дел од големата слика. Од друга страна пак, како некој кој е убеден дека сето зло на овој свет доаѓа од нереализираноста, дека тоа е она што ги тера луѓето да прават лоши дела, свесен сум и за важноста на професионалниот успех, реализираноста, затоа што без нив тешко дека може да постои вистински мир, хармонија, било каде, па и во домот.
Луѓето тешко се сакаат кога лично се несреќни, незадоволни, фрустрирани, бесни, нереализирани. А како доаѓаат во таква ситуација, не сум сигурен дека го знам вистинскиот одговор.
Затоа за приватниот живот, за жената, децата, размислувам на наједноставниот можен начин, можеби имав среќа. Тоа е сѐ“, изјави Жељко Јоксимовиќ во интервју за српскиот магазин Story.
Во јануари годинава Жељко и Јована ја прославија 8-та годишнина од бракот, а во таа пригода Јована објави фотографија од нивната свадба и напиша: „8 години од нашата прва венчавка. Како да беше вчера. Те сакам.“
Инаку, на 20-ти април на неговиот 48-ми роденден Жељко Јоксимовиќ одржа прекрасен велигденски концерт во живо пред зградата на Собранието во Белград за да им го поткрене духот на луѓето среде пандемијата.
Велигденскиот концерт на Жељко Јоксимовиќ:
С. С. | Црнобело