Жени кои се во врска со (многу) постари славни мажи
- Детали
- четврток, 23 април 2020
Кога станува збор за холивудските врски, изгледа дека возраста не е никаков фактор, но и во реалноста, многумина го сфаќаат тоа и не им е пречка за љубов.
Постојано гледаме славни личности кои започнуваат врска со луѓе кои се многу помлади или постари од нив. А очигледно, на повеќето воопшто не им пречи возрасната разлика.
Во продолжение погледнете ги жените кои успеале да „уловат“ многу постари славни мажи, а врската им оди одлично:
Амал и Џорџ Клуни
Амал и Џорџ се запознаа во 2013-та, а се венчаа веќе следната година.
Кога јавноста дозна за нивната врска, првото нешто што го привлече вниманието е возрасната разлика – Амал е 16 години помлада од Џорџ.
Рози Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам
Роузи и Џејсон се заедно од 2010-та година, а очигледно е дека разликата од 20 години нема никакво влијание врз нив.
Парот се вери во 2016-та, но сè уште немаат направено свадба. Заедно имаат и еден син.
Хиларија и Алек Болдвин
И покрај разликата од 26 години, Хиларија и Алек се во среќен брак уште од 2012-та година.
Парот има и четири деца.
Калиста Флокхарт и Харисон Форд
Калиста честопати вели дека заборава дека Харисон е постар од неа цели 22 години.
Парот се запозна во 2002-ра, а беа во врска осум години пред да се венчаат.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин
Меган е 13 години помлада и од Брајан.
Интересно е што тие се венчаа во 2010-та, но во 2015-та се разделија. Набрзо потоа Меган изјави дека е бремена, а веројатно ова ги натерало да ѝ дадат уште една шанса на врската.