Македонска Инстаграмџика на уникатен начин го прослави роденденот во карантин (фото)
- Детали
- петок, 10 април 2020
Со лалиња и темперни бои, Миа Арабаџиева направи прекрасни фотки од својот 23-ти роденден.
Шминкерката Миа Арабаџиева има Инстаграм профил со 15.000 следбеници и постојано објавува фотографии од своите модни стајлинзи, патувања и секојдневни активности.
Но, нејзиниот 23-ти роденден вчера (09.04) мораше да го прослави во домашна изолација. Сепак, тоа не ја спречи да направи прекрасни фотографии.
Во дворот од нејзиниот дом таа на ќебенце за пикник боеше со темперни бои, уживаше во мирисот на лалиња и дуваше свеќички на тортата заедно со нејзината најдобра другарка.
Потсетете се и Видео интервју со Миа Арабаџиева: Како е да се биде... шминкер.
Кога има креативност и дома е убаво:
https://www.instagram.com/p/B-xn6XBBIri/
С. С. | Црнобело