Добро плаќаат, веднаш отпуштаат мрзливи - Што откриваат вработените на Џеј Зи и Бијонсе за познатиот пар?
Ги ценат времето и парите
Бијонсе и Џеј Зи не го толерираат доцнењето. Всушност, Рита Ора има откриено дека раперот парично ја казнувал ако задоцни на снимање.
Сакаат да имаат контрола над сè
И Џеј Зи и Бијонсе сакаат да контролираат што се случува во нивниот живот. Бијонсе го има последниот збор за нејзините песни и кореографии, а Џеј Зи се справувал со сите бизнис зделки во живо.
Децата им се најважни
Парот има три деца – 8-годишната Блу Ајви и 2-годишните близнаци Руми и Сер Картер.
Според нивните вработени, парот секогаш се обидува да им излезе во пресрет на децата и тие се најважното нешто за нив.
И двајцата се перфекционисти
Кога ќе го земете предвид нивниот успех, станува јасно дека и Џеј Зи и Бијонсе се перфекционисти и ништо не ѝ оставаат на случајноста.
Не секогаш откриваат што им е планот
Вработените имаат задача да ги чуваат во тајност и проектите на Џеј Зи и Бијонсе. Но неретко, парот не споделувал ништо ниту со нив, со цел да се намали ризикот од протекување информации.
Тие се одличен пар
Повеќето луѓе кои имаат работено за Џеј Зи и Бијонсе имаат само пофални зборови за нив.
Сите ја забележувале нивната љубов и фактот дека се незаменлив тим.
Спирова С. | Црнобело