Врвот на здодевност во карантин - кога ќе си го дотераш партнерот во твоето латекс здолниште
- Детали
- вторник, 07 април 2020
Ова прекрасно семејство се труди на секој начин да си го направи забавно времето дома. Дали вашиот партнер би прифатил ваков предизвик?
Италијанската блогерка Кјара Ферањи повеќе од 20 дена е во домашна изолација со своето семејство.
Таа се обидува на каков било начин да си го исполни времето, најчесто со забавни активности со синот Лео, но овојпат тоа го стори со еден предизвик со нејзиниот сопруг Федез.
Блогерката и музичарот одлучија да си ја променат гардеробата, па Кјара се облече во парчиња на Федез, а него го дотера во своето латекс здолниште.
Дали ова е врвот на здодевноста во карантин? Ќе одговорите ли и вие на „switch it up“ предизвикот?
Прочитајте и Една од најубавите Италијанки му го прослави роденденот на синот во карантин (фото).
Како изгледа сексапилниот музичар во облеката на Кјара:
https://www.instagram.com/p/B-pmzd3JFIm/
С. С. | Црнобело