Една од најубавите Италијанки му го прослави роденденот на синот во карантин (фото)
- Детали
- четврток, 19 март 2020
Кјара Ферањи е една од најсветлите точки на Италија во моментов, таа собра милиони за помош на болниците.
Италијанската модна блогерка и дизајнер Кјара Ферањи заедно со својот сопруг, музичарот Федез, се една од најсветлите точки периодов во Италија.
Тие покрај тоа што собраа милиони евра преку хумантирани акции за помош на италијанските болници, секојдневно се обидуваат да го поткренат духот на Италијанците со пеење од прозорец и прикачување фотографии на социјалните мрежи каде ја нагласуваат позитивната страна на карантинот, односно времето минато дома со семејството.
Кјара и Федез го прославија во домашна атмосфера и 2-иот роденден на малиот Лео, а таа сама му приготви пита на која Лео дуваше свеќичка.
„Ова не беше забавата што ја планирав за тебе, но ти си со двајцата твои родители и те сакаме премногу. Исто така ти се допадна питата што ја направив за тебе, па тоа го прави овој ден совршен“, напиша Кјара.
Како го минува времето во карантин една од најубавите Италијанки:
С. С. | Црнобело