Пинк отворено за борбата со корона вирусот со 3-годишниот син: „Плачев и се молев“
- Детали
- понеделник, 06 април 2020
„Се надевам дека е крај, но короната е како ролеркостер. Само што ќе помислиш дека си подобро, нешто друго ти се случува“, изјави Пинк.
Пинк пред некое време откри дека со нејзиниот 3-годишен син Џејмисон покажале симптоми на корона, се испитале и тестовите биле позитивни.
Потоа 40-годишната пејачка во обраќање во живо на својот Инстаграм профил отворено говореше за нивната борба. Таа изјави дека се чувствуваат подобро од претходно, но дека не се сосема закрепнати, иако таа веќе не е носител на вирусот.
„Се надевам дека е крај, но короната е како ролеркостер. Само што ќе помислиш дека си подобро, нешто друго ти се случува“, изјави Пинк која вели дека симптомите кај нејзиниот син биле многу полоши.
„Во изминативе 3 седмици водев дневник со симптомите на Џејмисон, и со моите. Тој сѐ уште, 3 недели подоцна, има многу висока температура. Ова е ролеркостер за двајцата нас.“
Пинк потоа додаде дека има астма целиот живот, но сега ситуацијата станала навистина страшна и била многу исплашена.
На почетокот се тешеле дека се безбедни затоа што само кај постарите е сериозно, но сериозната состојба на нејзиниот претходно совршено здрав син ја загрижила навистина.
„Имаше многу ноќи кога плачев. Никогаш не сум се молела повеќе во животот. Никој не е безбеден од ова. Оваа болест е сериозна и вистинска“.
Пинк вели дека нејзиниот сопруг и 8-годишната ќерка Вилоу се здрави. Таа направила повторно тест за корона и повеќе не е носител на вирусот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





