Гал Гадот и уште 7 познати личности кои служеле војска
- Детали
- четврток, 26 март 2020
Речиси сите ѕвезди имале друга кариера пред да се пробијат во светот на шоу бизнисот.
Некои биле продавачи, некои хигиеничари, некои наставници, а некои, пак, служеле и војска.
Погледнете кои познати личности во минатото биле и војници:
Чак Норис
Чак Норис има црн појас во Танг Су До и е познат по владеењето на неколку боречки вештини. Она што многумина не го знаат е дека голем дел од вештините ги научил додека бил во војска.
Чак ѝ се придружил на војската, односно на воздушните сили на 18-годишна возраст. На почетокот бил стациониран во Кореја, а неговата воена кариера завршила во 1962-ра.
Веднаш после тоа почнал да држи часови по боречки вештини, а со текот на времето оваа љубов ја префрли и на екран.
Клинт Иствуд
Клинт Иствуд е познат и како одличен актер, но и многу добар продуцент и режисер.
Неговиот филм од 2015-та, American Sniper, освои неколку награди, вклучувајќи и Оскар, и е многу личен за Клинт.
Во периодот на Корејската војна, Клинт служел војска. Бил стациониран во Калифорнија, од 1951 до 1952, каде што бил инструктор по пливање и спасувач.
Ice-T
Пред да стане славен, раперот имал навистина тежок живот. Уште како дете сведочел на разни криминални дела, а токму ова му овозможило да рапува за насилството и неговото влијание врз децата.
Пред да ја започне кариерата во 1980-тите, раперот служел четири години во Армијата на САД и бил позициониран на Хаваи.
Морган Фримен
Морган Фримен е еден од најдобрите холивудски актери и има направено многу за филмската индустрија.
Но, знаевте ли дека во минатото бил дел од Армијата на САД, односно воздушните сили?
Морган ја почнал службата во 1955, кога имал 18 години.