Факти за Бонд девојката која е позитивна на корона вирус + фотка од карантин

Уште една позната личност е заразена од корона вирусот. Олга Кириленко објави фотографија како го минува времето по тестирањето.

fakti-za-bond-devojkata-pozitivna-na-korona-virus-fotka-od-karantin-01.jpg

Поранешната Бонд девојка Олга Кириленко е позитивна на корона вирусот.

40-годишната актерка откри дека вирусот ѝ бил дијагностициран откако една седмица се чувствувала истоштено и имала температура.

Сега се наоѓа во домашен карантин, вели дека треската и заморот и се главни симптоми и им порачува на сите да се чуваат и сериозно да ја сфатат ситуацијата со корона вирусот.

Таа објави фотографија од самоизолација:

Факти за прекрасната Олга Кириленко:

- Живеела во сиромаштија во Украина, родителите и се развеле на 3-годишна возраст и израснала со нејзината мајка.

- Станала модел на 13 години возраст, кога на патување во Москва му оставила впечаток со својата убавина на еден агент.

fakti-za-bond-devojkata-pozitivna-na-korona-virus-fotka-od-karantin-02.jpg

- На 16 години се преселила во Париз за да ја гради својата кариера во модниот свет.

- Пред да стане позната како Бонд девојка во филмот „Quantum of Solace“, Олга прво се појави во спотот на Сил за песната „Love’s Divine“ во 2003 година.

fakti-za-bond-devojkata-pozitivna-na-korona-virus-fotka-od-karantin-05.jpg

- Има два брака зад себе, првиот ѝ траел 4 години, а вториот ѝ траел само една година.

- Донира огромни суми пари за децата што живеат во сиромаштија во Украина.

fakti-za-bond-devojkata-pozitivna-na-korona-virus-fotka-od-karantin-04.jpg

- Имало идеја да се крсти улица по неа во Украина.

- Глуми покрај врвни актери како Том Круз, Бен Афлек, Хавиер Бардем итн.

fakti-za-bond-devojkata-pozitivna-na-korona-virus-fotka-od-karantin-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg