Бремената Кети Пери се „штити“ од корона вирусот со перница на лице на аеродром
- Детали
- петок, 13 март 2020
Кети Пери во спортски стил, со очила за сонце и перница на лицето, си замина во САД поради страв дека границите ќе бидат затворени поради пандемијата на корона вирусот.
Кети Пери ја напушти Австралија по 24 часа минати во самоизолација во еден хотел во Сиднеј, поради стравот од корона вирусот.
35-годишната пејачка го мина денот затворена во Park Hyatt, а тоа е токму хотелот во кој пред неколку дена престојуваа Том Хенкс и неговата сопруга, кои испаднаа позитивни на тестирањето за корона вирусот.
Кети ги откажа сите настапи и интервјуа и ќе се врати во САД да се најде со свршеникот Орландо Блум со кого го очекуваат првото дете.
Инаку, таа во средата одржа концерт во Викторија во чест на пожарникарите волонтери кои во изминативе месеци се справуваа со страшните пожари во Австралија.
Кети Пери на аеродром:
С. С. | Црнобело