Планирала да најми убиец и уште неколку мрачни факти за животот на Анџелина Џоли
- Детали
- петок, 03 април 2020
Без разлика дали ја сакате или мразите, Анџелина Џоли сепак е една од најпопуларните холивудски актерки.
Иако била родена во семејство актери и пораснала на Беверли Хилс, таа секогаш се чувствувала како отпадник. Никогаш немала пари колку нејзините соученици, имала колекција ножеви и поминала низ „готска“ фаза.
Анџелина се има справувано и со депресија, има многу неуспешни врски, но има добиено Оскар и се покажа како една од подобрите актерки што сме ги виделе изминативе две децении.
Во продолжение погледнете како изгледал бурниот живот на Анџелина низ неколку фотографии:
Тешко детство
Анџелина е родена во 1975-та, а нејзините родители се актерите Џон Војт и Маршелин Бертран. И нејзиниот брат, Џејмс Хевен, гради кариера во филмската индустрија.
Родителите на Анџелина се разделија во 1976-та, а актерката и брат ѝ живееле со мајка им.
Маршелин се откажала од нејзината актерска кариера, само за да се грижи за своите деца.
Прво појавување пред камера
Доколку сте го гледале „Lookin‘ to Get Out“, тогаш знаете дека станува збор за навистина лош филм. Но, ова е првото (многу кратко) филмско појавување на малата Џоли.
Заедно со нејзиниот татко, тогаш 5-годишната Анџелина за првпат се појавува во филм.
Тинејџерски години и лекции од Ли Стразберг
Исто како мајка ѝ, и Анџелина ја изучувала глумата на Lee Strasberg Theatre Institute. Подоцна актерката го продолжила образованието на филмската школа во New York University.
Интересно е што таа завршила и дописен курс за организатор на погреби.
Лош период во Беверли Хилс
Додека таткото на Анџелина уживал во славата и воглавно бил отустен од нејзиниот живот, Анџелина, заедно со мајка ѝ и брат ѝ, живеела скромно на Беверли Хилс.
Кога актерката се запишала во средното Beverly Hills High School, воопшто не била популарна. Всушност, Џоли се чувствувала како отпадник.
Друго училиште и тетоважи
Веројатно кога Анџелина се запишала во средното училиште Moreno, се чувствувала поприфатено.
Тој период почнала нејзината „готска“ фаза, се облекувала само во црно и си направила неколку тетоважи.
Истовремено, нејзината мајка ѝ дозволила нејзиното тогашно момче да живее со нив.
Депресија, самоповредување и мисли за самоубиство
Во периодот кога Анџелина беше во брак со Били Боб Торнтон, страдала од депресија, па дури размислувала и за самоубиство.
Бидејќи не сакала нејзините блиски да знаат дека си го одзела животот, планирала да најми убиец, па нејзината смрт да изгледа како мистериозно убиство.
Анџелина минувала низ многу тежок период, се повредувала себеси, но за среќа, наскоро нештата ќе тргнат на подобро.
Врската со нејзиниот татко
Анџелина гледала како нејзиниот татко станувал филмска ѕвезда, додека мајка ѝ жртвувала сè за децата и едвај сврзувал крај со крај.
Кога Џон, нејзиниот татко, бил во близина, со него секогаш имало и камери. Анџелина сфатила дека татко ѝ сака да глуми добар родител пред камерите, но не и да го практикува тоа во реалноста.
Денес можеби врската не им се совршена, но барем се во подобри односи.
Големиот успех
Во 1999-та излезе филмот „Girl Interrupted“, направен според вистинската приказна на Сузана Кајсен. Филмот раскажува за девојка со менталното нарушување (Винона Рајдер) која завршува во институција и се зближува со чудната Лиса (Анџелина Џоли).
Оваа улога ѝ помогна на Џоли да се пробие во Холивуд, а дури и донесе и Оскар за најдобра споредна улога.
Медокс и нејзиното спасение
Знаевте ли дека Анџелина никогаш не помислувала да има деца?
Во 2002-ра, актерката го минувала најтешкиот период од животот и тогаш го посвои Медокс.
Ова било вистинско спасение за неа. Актерката има изјавено дека кога го држите вашето дете во раце, не можете да размислувате за смрт.
Благодарение на Медокс, Анџелина почнала поретко да размислува за себе, а повеќе за другите, и со текот на времето ја надминала тешката ситуација.