Како Кети Пери го криеше трудничкото стомаче од јавноста? (фото)
- Детали
- вторник, 10 март 2020
Овие денови, можеби најголемата вест во шоу-бизнисот е првата бременост на Кети Пери.
Во средата целиот свет се изненади откако пејачката изјави дека со Орландо Блум го очекуваат нивното прво дете.
Кети ја најави бременоста со музичкиот спот за „Never Worn White“, каде што нејзиниот стомак е видно поголем. Ова ги натера фановите да почнат да се прашуваат како Кети успеала да ја скрие нејзината бременост досега.
Во декември Кети имаше неколку празнични концерти на кои воопшто не се забележуваше бременоста. После празничната сезона, Кети се појави на уште неколку настани, но никој не се ни посомнева дека е бремена.
Погледнете како Кети успешно ја криеше бременоста од целиот свет:
Изгледа розовата ѝ е омилена „трудничка“ боја на Кети. Можеби со неа покажува кој пол сака да биде детето.
Во декември, Кети одбрала фустан со голема панделка и џебови кои стратешки го кријат нејзиниот стомак.
Кети присуствуваше на премиерата на American Idol со широк фустан со долги ракави. Решила да ја истакне половината со тенко ремче, па нејзиниот стомак е речиси невидлив.
Минатиот месец Кети се појави на Jimmy Kimmel Live!, каде што го промовираше American Idol со колегите судии Лајонел Ричи и Лук Брајан. За настанот одбрала широк костим со леопардски принт.