„Се надевам дека е девојче“ – Кети Пери на првиот настап откако е бремена, откри дека сака ќерка (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 09 март 2020
Минатата недела Кети Пери ги потврди гласините за нејзината прва бременост. Во неделата, пак, пејачката откри и кој пол би сакала да биде детето.
35-годишната пејачка настапуваше на затворањето на финалето на Светското првенство за крикет за жени во Мелбурн, Австралија, кога ја сподели нејзината желба.
Кети за момент направи пауза од пеењето и пред публиката изјави:
„Се надевам дека е девојче.“
Пред крикет натпреварот пејачката изведе два нејзини хита во две различни модни комбинации кои го нагласуваа нејзиното трудничко стомаче. За последниот настап, пејачката одбрала розов комбинезон и розова наметка.
Кети ги сподели новостите за бременоста во средата, со нејзиниот нов музички спот за нумерата „Never Worn White“.
Ова а првото дете на Кети и нејзиниот вереник, 43-годишниот Орландо Блум. Актерот веќе има 9-годишен син со поранешниот модел Миранда Кер.
Кети и Орландо првпат почнаа да се гледаат во 2016-та, но се разделија во 2017-та. Ја обновија романсата следната година, а Орландо ја побара за жена на Денот на вљубените во 2019-та.
Спирова С. | Црнобело