„Веќе не мора да се кријам со чанти“ – Кети Пери очекува бебе со Орландо Блум (фото+видео)
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Во тизерот кој го објави како најава за новата песна, фановите претпоставија дека Кети Пери сака да открие дека е бремена, а сега пејачката ја потврди веста.
35-годишната пејачка го покажа трудничкото стомаче во видео спотот за новата песна „Never Worn White“.
Во тизерот кој го објави можеше да се забележи како се држи за стомак, по што веднаш започнаа гласините за бременоста.
Но, откако излезе песната со целиот спот јасно беше дека таа е бремена, а среќната вест ја објави и на Твитер, каде напиша дека е среќна што веќе не мора да крие и да се прикрива со големи чанти, како и дека детето го очекуваат во лето.
Инаку, ова ќе ѝ биде прво бебе на Кети Пери, додека Орландо Блум е веќе татко на 9-годишниот син кој го има со Миранда Кер.
Погледнете го целиот видео спот за новата песна на Кети Пери, во кој ја откри бременоста:
М. М. | Црнобело