Марти МекФлај и Док. Емет Браун 35 години подоцна (фото)
- Детали
- петок, 06 март 2020
Сите добро се сеќаваме на култниот филм „Враќање во иднината“ иако првпат е емитуван во 1985-година. Главните улоги ги толкуваат Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд – како Марти Мекфлај и докторот Емет Браун.
Филмот доби Оскар за најдобри ефекти во 1986-та година, а вкупно има освоено 19 награди.
Главните актери, се сретнаа повторно 35 години подоцна за добротворна вечер – турнир во покер, во организација на фондацијата на Мајкл Џej Фокс. Фондацијата е наменета за донирање средства за истражувањата за барање на лек за Паркинсонова болест.
Мајкл Џеј Фокс беше дијагностициран со болеста на негови 29 години и со таа цел ја креираше фондацијата како би собирал и донирал средства кои ќе помогнат во наоѓање на лек за Паркинс.
Фокс има 58 години, а Лојд 81.
Е. П. | Црнобело