Џеј Ло во спортска варијанта на препознатливиот Версаче принт (фото)
- Детали
- понеделник, 02 март 2020
Џенифер Лопез викендов во Мајами се прошета во препознатливиот џунгла принт на Версаче.
50-годишната поп дива овојпат се одлучи за секојдневна спортска варијанта на кошула и џинс.
Спортските обувки со нејзините иницијали се очекува да бидат вклучени во нејзината колекција на чанти и чевли која ќе биде пуштена во продажба на 9-ти март.
Џеј Ло уживаше во неделниот ручек со семејството.
Во 2000-та година таа се појави на црвениот тепих во Версаче фустанoт, а тоа е еден од најпознатите и запамтените аутфити на сите времиња, кој се смета и како причина за креирањето на Google Images.
Во 2019-та, Џеј Ло беше ѕвезда на ревијата на Версаче со разголена варијанта на истиот дизајн.
Минатата недела, Карлеуша се појави во секси издание со препознатливиот џунгла принт.
Е. П. | Црнобело