Ким и Кортни „пукаат“ во латекс на неделна богослужба на Канје Вест во Париз (фото)
- Детали
- понеделник, 02 март 2020
Во неделата во Париз, Канје Вест ја одржа неговата неделна богослужба.
Религиозниот хор на Канје и неговата група за молитви веќе одржаа неколку служби во САД, но сè уште не се признати како црква.
Порано годинава, раперот изјави дека сака да ги направи овие „сеанси“ глобални, па во неделата имаше служба во Париз.
Настанот не помина без неговата сопруга, Ким Кардашијан, од која Канје не можеше да ги тргне своите раце.
На парот му се придружи и нивната најстара ќерка, Норт.
39-годишната Ким се појави во костим од латекс од брендот Balmain. Иако ова е необичен материјал за богослужба, Ким „се покрила“ со ролка од латекс, а носеше и исти ракавици.
Косата ѝ беше собрана во опавче со стегач од истиот материјал. 42-годишниот Канје, пак, одбрал црни панталони и темна кошула.
И малата Норт изгледаше одлично, со црно сако и црни панталони.
На службата на Канје присуствуваше и Кортни Кардашијан, која одбрала слична комбинација како Ким.
40-годишната Кортни се појави со латекс ролка и панталони со кафеава боја. Сестрата на Ким го дополнила изгледот со црни очила за сонце.
Со неа беше и ќерката Пенелопе.
Ким го опиша настанот на Канје како музичка служба, каде што присутните разговарале за Исус и Бог.
Раперот, пак, повеќе не планирал да прави „традиционални“ турнеи и наместо тоа, сакал да работи на новиот албум со неговиот хор, но и да патува со нив.
Канје изјави дека ја нашол својата вера кога неговите сакани му помогнале да го надмине најтешкиот период од неговиот живот.
„Луѓето во моето семејство се молеа за мене, но не можеа да ми викаат. Јас сум возрасен. Но Бог беше тој што дојде и што го стави ова нешто во моето срце и ме праша дали сум подготвен да му служам. Не жалам за ништо и не се срамам.“
Ким и семејството на службата на Канје:
Спирова С. | Црнобело