Само Ирина Шајк може да изгледа совршено по кошула и дуксер, без грам шминка (фото)
- Детали
- четврток, 20 февруари 2020
Со минимална шминка, бициклистички и долга кошула, моделот изгледаше совршено на забавата по Brit Awards, а неколку часа подоцна се појави во Милано повторно во лежерен аутфит.
Ирина Шајк е девојката која изгледа совршено каде и да се појави, независно дали е облечена во гламурозен аутфит или кежуал парчиња.
Со многу шминка, минимална или без грам шминка, таа знае добро да се носи како и да се појави и секогаш остава добар впечаток.
На забавата по Brit Awards, таа се забавуваше облечена во бициклистички, долга, светла кошула и штикли, а шминката ѝ беше сосема минимална и природна.
Неколку часа подоцна, моделот слета во Милано за модната недела, а таму беше забележана во два аутфити, повторно без шминка.
Очигледно е дека не троши по цели денови за подготовка, а резултатот е секогаш совршен:
M. M. | Црнобело