Нови фотки од Адел со -40kg: Како се трансформираше пејачката низ годините?
- Детали
- четврток, 13 февруари 2020
На забавата по Оскарите Адел изгледаше прекрасно, а сега го покажа телото и во спортска облека – како се трансформираше пејачката?
На почетокот на годината Адел ја покажа својата нова фигура, кога се појавија фотки од неа на плажа на кои е речиси непрепознатлива со 19 килограми помалку.
31-годишната Адел активно слабееше со диета и многу активност, а според изворите, нејзиниот вкупен резултат е - минус 45 килограми.
На забавата по Оскарите, која ја организираа Џеј Зи и Бијонсе, излезе фотка од Адел, на која изгледа прекрасно, облечена во тесен фустан со леопардски принт.
Сега, повторно излезе нова фотка од пејачката, обелечена во спортски аутфит на која може да се забележи детално нејзината трансформација.
Таа е вистински пример дека кога сакате да ја добиете најдобрата и најздравата верзија од себеси - возможно е да се успее!
Од елегантно пополнета до непрепознатливо слаба – трансформацијата на Адел низ годините:
M. M. | Црнобело