Откриено зошто Бред Пит не се појави на BAFTA - останал да се смири со синот Медокс
- Детали
- петок, 07 февруари 2020
Наградите BAFTA поминаа без еден од најзначајните победници вечерта, а публиката остана да се прашува зошто Бред Пит не се појави да ја подигне наградата.
На негово место, говорот го прочита актерката Марго Роби – и стана најпопуларниот говор на сцената.
„Наградата ќе ја наречам Хари, бидејќи ќе си ја земам со мене во САД“ – шегата на Бред Пит за Мегзит ја прочита Марго Роби, а Вилијам и Кејт мораа да си се насмеат на непријатниот момент.
Според Mercury News, Пит останал во Лос Анџелес бидејќи сакал да ги поправи односите со неговиот најстар син Медокс. 18 годишниот Медокс кој во моментов е на колеџ во Јужна Кореја, тој викенд бил во САД и Пит останал дома за да може да се види со него.
Анџелина Џоли го посвои Медокс во 2002 година од Камбоџа, додека сè уште беше во брак со Били Боб Торнтон. Истата година тие се разведоа, а Џоли го доби старателството над Медокс.
Во 2007-ма година, во едно интервју, таа изјави дека постои голема поврзаност меѓу Бред и Медокс и дека тој почнал сосема случајно да го вика „тато“.
Односите меѓу нив двајца се влошиле кога при расправија меѓу Пит и Џоли на нивниот приватен авион, Медокс застанал да ја брани мајка си и расправијата помеѓу него и Бред ескалирала.
Сведоци велат дека актерот бил под дејство на алкохол кога слетал авионот и таа вечер ја поминал во хотел.
Инцидентот дури и бил пријавен на FBI.
Ако ништо друго, Пит се спаси и од незгодни ситуации со Џенифер Анистон.
Е. П. | Црнобело