Бред Пит со шеги на сметка на Хари и Брегзит - реакцијата на Кејт и Вилијам во публика бесценета (видео)
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2020
„Наградата ќе ја наречам Хари, бидејќи ќе си ја земам со мене во САД“ – шегата на Бред Пит за Мегзит ја прочита Марго Роби, а Вилијам и Кејт мораа да си се насмеат на непријатниот момент.
На доделувањето на BAFTA во Лондон вчера, Бред Пит доби награда, но не беше присутен за да ја прими, па неговата колешка Марго Роби ја прими за него и го прочита неговиот шеговит и малку непријатен говор.
Тој направил шега за Брегзит и за Мегзит, очигледно без многу да се грижи за тоа што Кејт и Вилијам се во публиката.
„Еј Британијо. Слушнав дека си сингл. Добредојде во клубот. Ви посакувам сѐ најдобро со ‘постапката за развод’“. – вака започнува говорот на Пит, кој за жал мораше да го прочита Марго.
Но, тој не застана тука, па говорот продолжува со шега за напуштањето на Хари на Велика Британија и селењето со Меган во Канада...
„Тој вели дека наградата ќе си ја именува Хари, бидејќи е многу возбуден што ќе си ја земе со него назад во САД. Негови зборови не мои.“ – вака го заврши говорот Марго, на што принцот Вилијам и Кејт мораа да се насмеат, но сепак ситуацијата беше чудна и непријатна.
Целиот говор погледнете го во продолжение:
Бред Пит направи храбра шега и тактички остави некој друг да ја прочита за него.
М. М. | Црнобело