Скандалозни љубовни триаголници во кои се најдоа славните
- Детали
- недела, 02 февруари 2020
Колеги, колешки, дадилки, пријателки - нема категорија со која славните не биле во скандалозен љубовен триаголник.
Факт е дека љубовта опстојува во пар, но овие ѕвезди се најдоа во афери и врски каде имаше и трет човек. За кого зборуваме?
Селена Гомез, Џастин Бибер, Хејли Болдвин
Многу прекинувања и смирувања имаше Џастин, и тоа со двете девојки, на периоди. На крајот, љубовта со Хејли ја крунисаа со брак и прстен од половина милион долари.
Кајли Џенер, Тајга, Блек Чајна
Тајга и Блек Чајна беа заедно од 2011-та година, а 3 години подоцна го добија заедничкото синче. Брзо потоа, се разделија. Во текот на разделбата се шпекулираше за аферата помеѓу Кајли и Тајга, која мораа да ја молчат, бидејќи тогаш Кајли беше малолетна.
Ким Кардашијан, Крис Хемпфрис, Канје Вест
Сега Кардашијан-Вест семејството е едно од најмоќните во светот, но во 2012-та кога Ким го запознала Крис, Канје бил заљубен во неа, иако се задоволувал со улогата на пријател. Секако, ова го призна години подоцна.
Бела Хадид, The Weeknd, Селена Гомез
Бела и Абел беа заедно година и половина, пред да раскинат во 2016-та. Набрзо, Селена Гомез беше неговата авантура која не ја криеше од јавноста. Година подоцна раскинаа, а Абел и Бела завршија повторно заедно.
Гвен Стефани, сопругот Дејвид, дадилката
По 20 години љубовна врска, од кои 13 години во брак, Гвен и Дејвид објавија дека се разведуваат. Се испостави дека Дејвид создал љубовен триаголник во рамките на домот, и тоа со дадилката на трите деца со Гвен.
Клое Кардашијан, Тристан Томпсон, Џордин Вудс
Кога Клое беше пред само породување, Тристан и Џордин ги искомплицираа работите.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





