Бела има пластичен нос, Џиџи се вика Јелена, таткото е тајкун - тајните на семејството Хадид
- Детали
- среда, 29 јануари 2020
Семејството Хадид веројатно во моментов се засенети само од единственото помоќно семејство од нив – Кардашијан-Џенер. Таткото Мохамед е Јорданец (71), могул за недвижности вреден милијарди.
Од неговиот брак со поранешната ТВ ѕвезда и супер модел Јоланда (55) ги имаат трите деца – ќерките Џиџи и Бела кои се најголемите ѕвезди на модните писти во моментов, и синот Анвар кој ќе стане веројатно најбаран машки модел во скоро време.
Тројцата се дел од кампањи на најголемите светски брендови – Dior, Versace, Valentino...Беа во врска со ѕвезди од типот како The Weeknd, Дуа Липа и Луис Хамилтон.
Ова се некои интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за семејството Хадид.
1. Џиџи и Бела се нивни уметнички имиња, не нивните родени имиња.
Роденото име на Џиџи е Јелена Нура Хадид, а на Бела - Изабела Каир Хадид. Нивните средни имиња се арапски, според потеклото на татко им од Израел.
2. Врските на нивната мајка се „виновници“ за првиот ангажман на девојките.
Непотизмот е второ име во кариерата на Бела и Џиџи. Да, тие се навистина убави, но убавината не е клучна за да добиете ангажман од GUESS кога имате само две години.
Јоланда како дел од модната агенција Форд во младоста, секогаш и секаде ги имала правите луѓе за да го пробие патот на своите ќерки.
3. Јоланда била онаа која ги носела насекаде и ги терала да се разликуваат од останатите девојчиња на нивна возраст.
Кастинзи, снимања – таа била онаа која ги учела девојките како да одат, зборуваат, како да се однесуваат пред камера. Таа сметала дека со вистинска поддршка било која од девојките би можела да биде следната Жизел Бундшен.
4. Татко им Мохамед имал „матни“ бизниси со ноќни клубови.
Кога се врзуваат матни факти за семејството, Мохамед е најсомнителниот на листата. Неговите први големи профити се од ноќната клупска сцена во Грција, каде што тој имал свој клуб во кој наводно се случувале не баш соодветни работи.
5. Родителите им се разведуваат после скандал за неверство.
Многу од валканиот веш на ова семејство беше прикажан во јавност преку реалното шоу „the Real Housewives“ каде Јоланда е „главна улога“. Мохамед бил фатен како ја изневерува Јоланда со моделот Johanna Krupa од шоуто. Нивниот брак заврши во 2003-та.
5. Тие се во роднинска врска со Кендал и Кајли Џенер.
Сопругот на нивната мајка – Дејвид Фостер, своевремено бил женет за поранешната жена на Кејтлин Џенер – Линда Томпсон. Линда е мајка на Броди и Брендон Џенер. Комплицирано, но сепак меѓусебно се сметаат за роднини.
6. Анвар е „мамин син“.
Тој вели дека негов „role model“ во животот е неговата мајка. „Мене ми е пријатно околу жени бидејќи сум пораснат со две сестри и мајка“.
7. Веруваат дека кристалите имаат моќ да лечат.
Бела открива дека аметистот го носи секогаш со себе.
8. Џиџи има око за пејачи.
Сите јавни љубовни врски во кои била досега билa со пејачи – Џо Џонас, Коди Симпсон и Зејн Малик.