Карлеуша се пожали дека Аријана ѝ го ископирала аутфитот: „Смешно е и не е во ред“
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2020
Јелена Карлеуша е позната по нејзините впечатливи аутфити, а честопати знае да се пожали дека светските ѕвезди без срам го копираат нејзиниот изглед и стајлинг.
Последно, српската пејачка се огласи по повод стајлингот на Аријана Гранде на Греми наградите кои се одржаа вчера.
Аријана беше облечена во слоевит фустан од тул, креација на Giambattista Valli, а Карлеуша на нејзиниот Инстаграм профил направи споредба помеѓу двете во иста креација со неколку месеци разлика.
https://www.instagram.com/p/B7z_8EhFbkA/
Имено, Јелена носела ист таков фустан во октомври 2019-та, кој наводно е персонализирана креација за неа, со потпис на Amina Hasanbegovic.
Во објавата на Карлеуша стои:
„Здраво Аријана Гранде. Во ред е да имаш ист фустан, НО ако фустанот е персонализирана креација, тогаш.. ???. Разбирам дека фустанот на Аријана е од G. Valli, но тоа е уште посмешно.
Не е во ред, не заради мене, туку заради Амина Хасанбеговиќ која го направи оригиналниот фустан. “
Што мислите, можно ли е Аријана да позајмила инспирација од Јелена Карлеуша?
Мора да признаеме, дури има сличност во позите на фотките на двете пејачки...
М. М. | Црнобело