„Стоиме овде со скршено срце во домот кој Коби го изгради“ – Алиша Кис ги започна Греми наградите со емотивен говор
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2020
„Денес, Лос Анџелес и целиот свет изгуби херој. Стоиме овде, со скршено срце во домот кој Коби го изгради...“ – вака го започна воведниот говор Алиша Кис на Греми наградите кои се одржаа во арената на Lakers.
На 26-ти јануари, кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка, трагично го загубија животот во хеликоптерска несреќа.
Вечерта на 26-ти се одржаа Греми наградите, во STAPLES Center, арената која многумина ја нарекуваат домот на Коби Брајант, каде тој помина 20 години од неговата NBA кариера.
Воведниот говор на Греми наградите го имаше Алиша Кис, а пејачката го започна со емотивни зборови со кои оддаде почит кон Коби Брајант и неговата ќерка, кои трагично го загубија животот истиот ден.
„Тука сме заедно на најголемата музичка ноќ, да ги славиме изведувачите кои го прават најдоброто. Но да бидам искрена, сите се чувствуваме тажно. Бидејќи денес, Лос Анџелес, Америка и целиот свет, изгуби херој. Буквално стоиме овде со скршено срце, во домот кој Коби Брајант го изгради.
Сега, Коби и неговата ќерка Џиана и сите оние кои загинаа денес, се во нашиот дух, во нашите срца, во нашите молитви, во овој објект. Би сакала да ги замолам сите да земат момент и да го задржат во себе и да ја споделиме нашата сила и поддршка со нивните семејства.
Ниту во еден момент не замислувавме дека шоуто ќе започне вака. Никогаш. Па, сакавме да направиме нешто што ќе опише барем малку, како сите се чувствуваме сега.“
"We're standing here heartbroken in the house that Kobe Bryant built," host Alicia Keys says #GRAMMYs https://t.co/k6dOKYyZEH pic.twitter.com/2Gv26Hq7xr
-->-->— Variety (@Variety) January 27, 2020
По говорот, заедно со Boyz II Men, таа ја изведе а капела песната „It's So Hard to Say Goodbye“, во чест на Коби.
https://www.youtube.com/watch?v=-NqLJGLiLn0
М. М. | Црнобело