Татко ѝ е Грк, била „кловнот“ во класот, ништо не учела – интересни факти за Џенифер Анистон
9. Родителите не дозволувале да гледа телевизија.
Во нивниот дом телевизорот бил забранет. Исклучок правеле само кога била болна и не одела на училиште.
10. Нејзините родители се разведуваат кога таа има 9 години.
Таа си дошла дома од роденденска забава и видела дека нејзиниот татко се спакувал и отселил од куќата.
11. После средно училиште имала неколку епизодни улоги надвор од Бродвеј.
Ова било шанса да стекнува актерско искуство, но морала да работи и дополнителни часови за да се издржува.
12. Побарала совет од еден од директорите на NBC на бензинска пумпа.
Таа се борела да напредува во Лос Анџелес, кога на бензинска пумпа налетала на Ворен Литлфилд – еден од директорите во NBC и му побарала совет како да напредува во актерската кариера.
Тој ѝ препорачал да оди на аудиција за „Пријатели“.
13. Ѝ била дијагностицирана дислексија во нејзините 20-ти години.
Ова влијаело многу на нејзината самодоверба.
14. Била „даркерка“ во средно.
Испробувала различни стилови, но во тој период негувала готски стил. Сега знае да каже дека изгледала како ноќна мора.
15. Има двајца полубраќа.
Џон Мелик – од страна на мајка ѝ (лево на сликата подолу) и Алекс Анистон од страна на татко ѝ (десно на сликата).
Е. П. | Црнобело