Татко ѝ е Грк, била „кловнот“ во класот, ништо не учела – интересни факти за Џенифер Анистон
- Детали
- петок, 24 јануари 2020
Добитничката на Златен Глобус, Џенифер Анистон, својот врв во кариерата го достигна со серијата „Пријатели“. Од нејзините позначајни улоги се оние во „Horrible Bosses“, „Cake“, „We're the Millers“, „Marley & Me“ и уште многу други.
Ова се некои интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за Анистон:
1. Татко ѝ – Антони (Џон) Анастасакис е Грк по потекло и таа живеела на островот Крит една година.
Џенифер, од страната на татко ѝ има грчко потекло. Таа поминала една година од детството во Грција, за да го запознае семејството. И покрај тоа, Анистон воопшто не ја сака грчката храна. На фотографијата е сликана со баба ѝ на Крит.
2. Почнала да глуми на 11 години.
Анистон знаела што сака да прави во животот уште во тинејџерските години, и направила одличен избор со актерската кариера.
3. Нејзините родители се актери.
Нејзиниот татко (на американски Џон Анистон) е актер во сапуници. Тој бил дел од „Days of Our Lives“ уште од 1985-та. Мајка ѝ Ненси била дел од неколку епизоди на „The Wild Wild West“ и „The Beverly Hillbillies“.
4. Нејзина слика била изложена во Метрополитен музејот во Њујорк.
Кога имала 11 години нејзина уметничка слика била изложена во The MET.
5. Била „кловнот“ во класот.
Анистон навистина се мачела на училиште. Таа вели дека не смета дека била глупава, туку едноставно не можела да ги запомни информациите.
Не била по учењето, но затоа социјалниот живот ѝ бил одличен. Била дел од одбојкарскиот и кошаркарскиот тим. Секогаш ги смеела соучениците.
6. Татко ѝ го променил своето презиме.
Џон Анастасакис знаел дека презимето ќе биде тешко за спелување во Холивуд па затоа го променил презимето во Анистон уште пред да се ожени со мајка ѝ на Џенифер.
7. Нејзините родители се противеле на одлуката да стане актерка.
Ниту Ненси, ниту Џон не сакале Џенифер да плови во актерските води. Тие ја форсирале да стане докторка или адвокат.
8. Работела како келнерка, велосипедист за пратки и телемаркетинг.
Како велосипедист за разнесување пратки издржала само два дена. Вели дека тоа било најтешката работа која ја работела во животот.