6 работи кои веројатно не сте ги знаеле за музичката сензација Били Ајлиш

Со нејзиното име се поврзуваат хитовите Bad Guy и Bury a Friend, а во моментот е актуелна со песната Everything I Wanted. Били Ајлиш неодамна наполни 18 години, а одамна го има светот на дланка.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish-01.jpg

Обожавана од многумина, пред да ја започне својата соло кариера го позајмувала својот глас како придружен вокал во песните кои се дел од филмовите Diary of a Wimpy Kid и X-Men.

Били претходно работела во коњушница бидејќи обожавала да јава коњи. Таа обожава животни и долги години била вегетаријанец пред да се одлучи да стане веган.

Што уште треба да знаете за оваа поп сензација?

Црната ѝ е омилена боја, а нејзиниот омилен филм е Fruitvale Station

Иако ќе ја видите во многу шарени, откачени комбинации, сепак нејзината омилена боја е црната. Без никакво двоумење таа го издвои филмот Fruitvale Station од 2013 година за најомилен.

Филмот пак е инспириран од вистински настан кој го прикажува убиството на афроамериканскиот тинејџер Оскар Грант од страна на полицаец.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (7).jpg

Била огромен обожавател на Џастин Бибер

Како и многу други тинејџерки и Били Ајлиш била во фазата на „Белибери“. Нејзината опсесија со Џастин Бибер започнала кога имала само 12 години.

Двајцата соработувале на ремиксот за песната Bad Guy, а биле заедно и на фестивалот Коачела во април.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (1).jpg

Нејзината омилена ТВ серија е The Office

Ајлиш толку многу ја сака комедијата која се прикажуваше на NBC, што дури позајмила и еден дијалог од една епизода од седмата сезона на The Office и го употребила во нејзината песна My Strange Addiction.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (3).jpg

Таа е многу искрена за борбата со синдромот Турет и синестезијата

Ајлиш често пати зборува за своите ментални заболувања додека гостува во емисии. Таа изјавила дека колку е поотворена на овие теми, толку подобро може да се поврзе со обожавателите. Луѓето со овој проблем прават постојани движења и гласови што не можат да ги контролираат.

Синестезијата претставува спонтана, субјективна асоцијација на повеќе различни чувства предизвикани од директното доживување на само едно од нив.

„Секоја личност што ја познавам има сопствена боја, облик и број во мојот ум, но тоа е сосема нормално за мене“.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (4).jpg

Нејзиниот прв хит сингл Ocean Eyes го напишала за кореографиите на часовите по танц

Таа најчесто соработува со нејзиниот постар брат Финеас, а заедно со него во 2015 година ја снимила песната за нејзината професорка по танц која сакала да има оригинално парче музика кое ќе го употреби за своите кореографии.

Но, откако Ајлиш ја прикачила песната на SoundCloud набргу станала вирален хит и на овој начин започнала нејзината кариера.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (6).jpg

Нејзиното целосно име е: Billie Eilish Pirate Baird O’Connell

Родителите на Ајлиш биле актери, но двајцата направиле пауза во своите кариери и ги подучувале Били и Финеас дома. Тие не посетувале никакво формално образование, а родителите не се воделе според никаква специјална програма.

Едноставно им дозволиле да се фокусираат на теми коишто ги интересираат. Били успеала да го помине тестот за средно образование и да матурира на само 15 години.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Bili-Ajlish (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg