Сите славни се Илуминати, Џ. К. Роулинг не постои - Најинтересните теории на заговор од поп културата

Џ.К. Роулинг не постои

Сите ја знаат приказната на Роулинг – таа била во лоша финансиска состојба, била самохрана мајка и имала само идеја за одлична книга.

Благодарение на таа идеја, денес Роулинг е една од најбогатите писатели на сите времиња. Но според една теорија на заговор, ова не е вистина.

Наводно, серијалот Хари Потер е ремек-дело на тим автори кои имале цел да создадат франшиза што ќе го освои целиот свет. Жената што ни е претставена како Џоан всушност била актерка.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-08.jpg

Николас Кејџ е вампир

Во 2011-та година, еден дилер на антиквитети објави фотографија за продажба на eBay. Фотографијата била направена во 1870-та, а наводно, на неа се наоѓа Николас Кејџ.

Иако звучи бизарно, теоријата на заговор се прослави многу брзо. Сепак, актерот изјави дека не пиел крв и дека кога последен пат се погледнал во огледало, имал рефлексија.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-09.jpg

Pokémon Go е владина програма за шпионирање

Секој се сеќава на летото во 2016-та кога беше издадена Pokémon Go. Овој период целиот свет ја играше играта, но изгледа забавата си имала цена.

Наводно, креаторите имал речиси неограничен пристап до Google профилите регистрирани на играта. Откако јавноста дозна за ова, многумина почнаа да веруваат дека играта била користена за шпионирање на корисниците.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-10.jpg

Сите славни личности се дел до Илуминати

Илуминати се тајно здружение оформено во 18-тиот век во Баварија. Целта на здружението била борба против тиранијата и одделување на црквата и власта.

Здружението се распаднало во 1700-та, но некои веруваат дека постои денес.

Наводно, здружението не само што се реформирало, туку и се проширило, а секоја позната личноста за којашто сте слушнале – од Мадона до Ријана, се дел од здружението.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-11.jpg

Аврил Лавињ била заменета со двојничка во 2003-та

Според оваа теорија на заговор, Аврил извршила самоубиство во 2003-та и била заменета од актерка по име Мелиса Вандела. Причината била да се продолжи со профитирање од нејзиното име.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-12.jg.jpg

Крис Џенер ја продала секс снимката на Ким Кардашијан

Секс снимката на Ким е она што го сврти вниманието на јавноста кон кланот Кардашијан-Џенер. И покрај срамот што го претрпе Ким поради протекувањето на снимката, некои се убедени дека воопшто не станувало збор за протекување.

Наводно, Крис Џенер ја режирала целата ситуација за да го прослави нејзиното семејство.

site-slavni-se-ilumiati-naijnteresnite-teorii-na-zagovor-od-pop-kulturata-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девиц...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg