Бела Хадид избриша Инстаграм фотка, откако Селена Гомез ѝ остави коментар
- Детали
- вторник, 19 ноември 2019
Помеѓу Селена Гомез и Бела се појави мал конфликт, откако моделот избриша објава на која пејачката остави позитивен коментар.
27-годишната Селена наводно се разочарала, бидејќи Бела ја избришала објавата.
Конфликтот помеѓу Бела и Селена настана поради The Weekend - и двете беа во врска со пејачот. Но, Селена се обиде да ја смири ситуацијата со изјавата:
„НЕ. Не требаше да зборувам без да ја знам вистината. Жал ми е. Таа е прекрасна личност и сето ова беше недоразбирање.“
Но изгледа на Бела не и е сеедно, а јавноста дозна за тоа кога еден фан на Селена направи скриншот од објавата на 23-годишниот модел. Објавата беше фотографија од Бела во реклама за Dior, каде што Селена искоментира „Прекрасно“.
Фанот одново ја објави фотографијата и нагласи дека Бела ја избришала од нејзиниот профил.
„Таа сака да ги поддржува жените. Сите вие не можете да го сфатите тоа на добар начин. Инаку, Хадид ја избриша објавата“, стои во описот од фанот.
И самата Селена коментирала на објавата од фанот:
Овој пасивен потег на Бела изгледа не е прв. Селена ја заследи Бела на Instagram, откако моделот втор пат раскина со The Weekend. Но, Бела не ја заследи Селена.
Претходно Селена се гледаше со пејачот, а се разделија во 2017-та година.
Во меѓувреме, Бела и The Weekend беа заедно и раскинуваа неколку години. И иако после последното раскинување изгледаше како парот да ставил крај засекогаш, The Weekend присуствуваше на роденденот на Бела на 9-ти октомври. Ова ја натера јавноста да помисли дека помеѓу двајцата сè уште се случува нешто.
Бела нема изјавено ништо во врска со „битката“ со Селена на Instagram.
Спирова С. | Црнобело