Тејлор Свифт била погодена до солзи од новата песна на Селена Гомез за Џастин Бибер

Сигурно досега сте слушнале дека Селена Гомез има издадено две нови песни, „Lose You To Love Me“ и „Look At Her Now“, за кои многумина веруваат дека се за нејзината врска со Џастин Бибер.

tejlor-svift-zaplakala-koga-ja-slushnala-novata-pesna-na-selena-gomez-za-justin-bieber-01.jpg

Минатата недела, Селена најверојатно „поткажа“ дека песната „Look At Her Now“ е за нејзината разделба со Џастин и неговото вселување со новата сопруга, Хејли.

„За два месеци нè замени, како да беше лесно. Ме натера да мислам дека сум го заслужила тоа“, е дел од текстот на песната.

tejlor-svift-zaplakala-koga-ja-slushnala-novata-pesna-na-selena-gomez-za-justin-bieber-02.jpg

Сега, 27-годишната пејачка се отвори уште повеќе за нејзината музика. На едно радио интервју, таа изјави дека песната била толку лична, што Тејлор Свифт заплакала кога ја слушнала прв пат.

„Им ја пуштив песната на Тејлор и нејзините родители. Кога им го покажав видеото, Тејлор и мајка ѝ почнаа да плачат“, открива Селена.

tejlor-svift-zaplakala-koga-ja-slushnala-novata-pesna-na-selena-gomez-za-justin-bieber-03.jpg

Наводно, според Селена, тие не заплакале бидејќи песната била емотивна. Туку, само ѝ кажале дека биле среќни што е таму со нив.

Кога Тејлор беше прашана за песната на Селена, таа изјави:

„Само од моја перспектива како пријателка, никогаш не сум била погорда. Нештата што ги надмина, ситуациите над кои се издигна, помина долго откако сме пријателки и таа е најдобрата. Навистина сум возбудена биејќи кога некој имал големо животно искуство и навистина минувал низ нешто, може да го процесира тоа и да направи уметност што им помага на другите, ова е таква песна. Воодушевена сум.“

tejlor-svift-zaplakala-koga-ja-slushnala-novata-pesna-na-selena-gomez-za-justin-bieber-05.jpg

Во друго интервју, Селена има прозборено и за нејзиното пријателство со Тејлор:

„Таа беше фрустрирана кога јас бев фрустрирана. Беше тажна кога јас бев тажна. Но повеќе од сè, моите пријатели останаа покрај мене. Мислам дека ме видоа во многу болка и не сакаа да ја чувствувам. Но тие никогаш не престанаа да ме сакаат.“

tejlor-svift-zaplakala-koga-ja-slushnala-novata-pesna-na-selena-gomez-za-justin-bieber-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg