Адел послаба од кога било - Со пилатес ослабела над 10 килограми
- Детали
- петок, 25 октомври 2019
Се верува дека откако почна да вежба пилатес, Адел има ослабено повеќе од 10 килограми.
Резултатите од вежбањето ги покажа на 33-тиот роденден на Дрејк, кој пејачот го прослави оваа среда.
31-годишната пејачка се појави со црн кадифен фустан со голи рамена и со коса собрана во опавче. Целиот изглед го дополнила со пар сребрени обетки.
Пејачката која изгледа одлично, сподели и фотографија од настанот, со опис:
„Плачев, но сега се потам. Среќен роденден на една од најдобрите и најсмешните личности што ги имам запознато.“
Во јуни, јавноста дозна дека Адел почна да вежба пилатес. Благодарение на тренингот, пејачката ослаби повеќе од 10 килограми и изгледа подобро од кога било.
Според изворите, во моментот Адел ужива во животот, а најмногу си се посветува себеси и на нејзиниот син.
Пилатесот навистина ѝ се допаѓал, а тоа што ослабела било само бонус.
Адел изјави дека почнала со вежбање бидејќи сака да биде здрава, но и за полесно да ги издржува турнеите концертите.
На забавата, Адел беше забележана со ѕвезди како Диди и Крис Браун. Сепак, артистот Скепта, за кој се верува дека е нејзиното ново момче, не бил присутен.
Адел уште еднаш покажа дека се чувствува одлично во своја кожа и им даде пример на жените ширум светот како да се грижат за себе и своето здравје.
Спирова С. | Црнобело