Џастин Бибер и Хејли се венчаа вторпат – први фотки од свадбата
- Детали
- вторник, 01 октомври 2019
Речиси цела година откако го кажаа судбоносното „да“ во Њујорк, Џастин и Хејли направија свадбена церемонија во Јужна Каролина.
На прославата присуствувале 154 гости, помеѓу кои и голем број познати личности.
25-годишниот пејач и 22-годишниот модел, за нивната венчавка го одбрале хотелот Montage Palmetto Bluff, наводно бидејќи Џастин и претходно одел таму.
Според некои извори, ова било местото каде што го наоѓал мирот кога сакал малку време за себе:
Поголемиот дел од организацијата ѝ припаѓал на Хејли.
Засега парот нема споделено фотографии од венчавката, освен Џастин, кој на својот Instagram профил се пофали со часовникот што си го купил за свадбата.
За среќа, гостите и папараците имаат да понудат неколку фотографии од настанот:
https://www.instagram.com/p/B3EKaowjWdB/
https://www.instagram.com/p/B3EEDHfDRGp/
https://www.instagram.com/p/B3ECreTjPYH/
https://www.instagram.com/p/B3EDQUGjy3Q/
Спирова С. | Црнобело