Фотки од елегантната и раскошна веридба на Џеј Ло и Алекс Родригез
- Детали
- понеделник, 30 септември 2019
Изгледа подготовките за свадбата на Џеј Ло и Алекс полека почнуваат, а првиот чекор беше прославата за веридба која ја организираа во Лос Анџелес викендов.
Џеј Ло на нејзиниот Инстаграм профил објави неколку фотки од веридбата со Алекс Родригез.
Облечена во бел фустан со карнери, 50-годишната пејачка изгледа пресреќно покрај својот вереник заедно со децата, на прославата за нивната свршувачка.
Алекс ја запроси Џенифер во март годинава, а изгледа сега подготовките за свадба полека почнуваат да се прават, иако нема официјални информации.
https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/
Многу свеќи, цветни аранжмани, амбиентални светла, добра музика, децата, семејството и најблиските пријатели ѝ го направија на Џеј Ло ден за паметење 27-ми септември.
Фотки од веридбата на Алекс и Џеј Ло:
M. M. | Црнобело