Меган Маркл за турнејата низ Африка ги спакува истите фустани од кога беше бремена (фото)
- Детали
- среда, 25 септември 2019
Војвотката од Сасекс реши дека првата семејна турнеја со принцот Хари и малиот Арчи е одлична прилика да „рециклира“ два фустани кои ги носеше лани, кога објави дека е бремена.
Симпатиите изгледа реши да ги добие на сентиментална карта, па за турнејата низ Африка ги спакува истите фустани од посетата во Австралија, кога првпат објави дека ќе стане мајка.
Фустанот кој лани го носеше на плажа во Австралија, со цветови околу врат, сега го носеше на свечен, формален настан.
Синиот фустан пак, кој претходно го носеше со елегантни пастелни чевли, сега го искомбинира со црни чевли на полна пета, кои инаку смее да ги носи само кога кралицата не е во близина.
М. Д. | Црнобело