Ева Лонгорија не верува во дадилки – си го зема синчето на модната недела во Париз (фото)
- Детали
- среда, 25 септември 2019
Гламурозната Ева моментално е на модната недела во Париз заедно со синчето Сантијаго, а независно дали е на работа, на настан или службено патување – таа не се двои од него.
Додека постојат славни мајки кои ги оставаат децата на дадилките кога тие се на црвен тепих, на снимања и други работни обврски, Ева Лонгорија е целосна спротивност.
44-годишната актерка ништо не ја спречува да го поминува времето со своето 15-месечно синче и го носи секаде со неа, иако секогаш ѝ се на располагање дадилки.
Досега неколкупати објавила фотки од неа и Сантијаго додека таа е на снимање и работи, но на пауза си игра со него.
https://www.instagram.com/p/B2ZujqkHbj7/
https://www.instagram.com/p/B2Rvk7-nGAo/
За неа не е невообичаено ниту да го земе синот на црвен тепих, а последно е забележана со него во Париз на модната недела.
https://www.instagram.com/p/B1eZpltHNck/
https://www.instagram.com/p/B2y2WV2ncXN/
Гламурозната Ева докажа дека не е тешко да се измешаат работата и задоволството, а семејството секогаш ѝ е на прво место.
Фотки од неа и синчето во Париз + фотки од претходно:
M. M. | Црнобело