Автомобили за деца и уште 8 чудни работи на кои Кардашијан-Џенер трошат премногу пари
Автомобили за нивните деца – над 10.000 долари
Сторми го живее животот од соништата, па дури има и свои автомобили. Помеѓу нив има мини Lamborghini модел, но и Ferrari со истата големина.
Облека по нарачка од LaBourjoisie – 8.000 до 18.000 долари
Комбинезонот што го носеше Кајли на нејзиниот 21-ви роденден е направен по порачка, од брендот LaBourjoisie и чини 8.000 долари.
За 60-тиот роденден на мајка си, Кајли носеше фустан од истиот бренд со над 400.000 кристали, по цена од 18.000 долари.
Чудни полуголи фотосесии – над 500.000 долари
Поради некоја причина, семејството Кардашијан-Џенер сака да прави заеднички, полуголи фотосесии. Петте девојки имаат позирано за есенската кампања за долна облека на Calvin Klein.
Исто така, Крис ги има собирано нејзините ќерки за разни проекти и интервјуа, вклучувајќи и едно за Cosmopolitan, каде што сите девојки носеа бели кошули, без панталони.
Огромни новогодишни елки – над 7.000 долари
Крис Џенер е позната по раскошните божиќни забави, па не е ни чудно што дава многу за новогодишна елка.
Минатата зима и Кајли докажа дека знае да украсува како мајка ѝ, па купи златно дрво од 6 метри. Останатиот дел од домот ѝ беше украсен со златни детали и мали новогодишни елки.
Иста облека со нивните деца – над 2.000 долари
Неретко ги гледаме членовите на Кардашијан Џенер семејството облечени во иста облека како нивните деца.
Минатата година, Клои и нејзиното дете се појавија во слична бела облека од дизајнерката Моника Ивена.
Но, изгледа дека вистинските победници се Кајли и Сторми. Ова дуо е видено многу пати со иста облека, а за ова Кајли без проблем троши и до 12.000 долари за комбинација.
Спирова С. | Црнобело