Прва семејна турнеја за Хари, Меган и Арчи - пристигнаа во Африка (фото)

Војводата и војвотката од Сасекс заминаа на првата заедничка тура во Јужна Африка и ќе го посетат „главниот град на убиствата“.

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-01.jpg

Хари и Меган ќе го посетат Нјанга, град веднаш до Кејптаун и место каде што секоја година се убива еден во 206 жители.

Кралскиот пар ќе биде придружен со засилено обезбедување, а до последниот момент нема да бидат откривани никакви детали.

Хари, Меган и нивниот син Арчи, утрово пристигна во Кејптаун, а папараците веднаш ги забележаа. Меган беше фотографирана со 4-месечниот Арчи, кој носеше преслатка капа.

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-03.jpg

Најмладиот член на кралското семејство навистина наликуваше на неговиот татко, кој е фотографиран на сличен начин во рацете на неговата мајка Дијана.

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-02.jpg

Хари изјавил дека едвај чекал да го запознае Арчи со Африка.

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-04.jpg

Портпаролот на Бакингемската палата вчера изјави:

„Како што веќе знаете, Африка има посебно место во срцето на војводата и тој едвај чека да го сподели искуството со војвотката и нивниот син. Ова е навистина полна програма, четири држави за десет дена, а имаме и мал патник кој ќе го направи патувањето поживо.“

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-05.jpg

Парот стигна во Африка со комерцијален лет од Лондон, но одлучиле дека не сакаат никаков официјален пречек. Наместо тоа, тие решиле да поминат низ VIP излезот и веднаш да се упатат кон нивното сместување.

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-06.jpg

hari-megan-i-archi-na-nivnata-prva-turneja-vo-afrika-foto-07.jph.jpg

Поради зголемената стапка на криминал и неодамнешните демонстрации против насилството врз жените, голем дел од планот на парот нема да биде објавен однапред.

Познато е дека Меган и Хари ќе присуствуваат на настан за готвење, а подоцна Меган ќе присуствува на настан со локална група, што им помага на мајките кои живеат со ХИВ.

Голем дел од активностите на Меган и Хари се фокусирани врз проблемот со насилството врз жените. Дури и претседателот, Сирил Рамафоза, изјавил дека ова е едно од најопасните места за живеење за жени, поради зголемениот број случаи со насилство врз нив.

За време на посетата на Нјанга, малиот Арчи ќе остане со неговата дадилка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg