Вилијам и Кејт ги испратија принцот Џорџ и принцезата Шарлот на првиот училишен ден (фото)
- Детали
- четврток, 05 септември 2019
Принцезата Шарлот цврсто ја држете мајка си за рака, додека принцот Џорџ лежерно одеше до својот татко, на првиот училишен ден.
Вилијам и Кејт ги испратија двете дечиња во училиштето Thomas's Battersea во Лондон, облечени во школска униформа, додека родителите беа одлично стилизирани.
Кејт одбра цветен миди фустан, додека Вилијам играше на полежерна модна карта.
Иако Кејт го пропушти првиот училишен ден на принцот Џорџ, бидејќи имаше тешка бременост со третото дете, принцот Луи, се погрижи да биде поддршка за првиот уличишен ден на принцезата Шарлот.
Една година во приватното Thomas's Battersea училиште каде одат кралските дечиња чини речиси 19.000 фунти.
М. Д. | Црнобело