Викторија Бекам критикувана заради „болно слаба“ манекенка во нејзин фустан
- Детали
- вторник, 03 септември 2019
45-годишната модна дизајнерка минатиот петок објави фотографија на нејзиниот Instagram профил од жена со бел фустан и црвени чизми.
Нo вниманието не го привлече облеката, туку самиот модел. Многу корисници изјавија дека моделот изгледа премногу слабо и нездраво.
Некои дури и се запрашале како би можела да најмува толку слаби модели кога е мајка на млада ќерка. Друг корисник изјавил дека нејзините модели се сè послаби и дека тоа не испраќа добра порака за нејзината ќерка и другите млади девојки.
Викторија сподели неколку фотографии од моделот фотографиран на улиците на Лондон. Претходно таа објави фотографија и од неа со истиот фустан, покажувајќи ја и нејзината слаба фигура.
Сепак, ова не е прв пат Викторија да биде на мета поради нејзините модели. Во 2016-та година, Викторија беше критикувана поради тоа што сподели гиф од слаб модел на нејзиниот Instagram профил.
Во септември 2015-та година, нејзините фанови се пожалија дека направила „парада со скелети“ за време на нејзината модна ревија во Њујорк. Особено беше критикувана за изборот на 17-годишниот модел Пејтон Лист кој ја затвори ревијата.
Викторија се има одбрането од критиките изјавувајќи дека здравјето на девојките било проверено пред ревијата.
„Тие се млади, слаби, но тоа не значи дека се болни“, изјави таа во врска со нејзините модели.
Во 2010-та година таа почна да ја следи кампањата Healthy is Beauty и во тој период изјави:
„Имав аудиција минатата недела и дојдоа некои навистина слаби девојки и тоа не функционираше добро.“
Истовремено, таа тврдела дека нејзините креации се за жени со секоја форма и големина.
Спирова С. | Црнобело