Билборд: Еминем е крал!
- Детали
- понеделник, 27 декември 2010
Магазинот Билборд состави листа на најважни настани во 2010 година, каде на првото место се наоѓа големото враќање на раперот познат како “The real Slim Shady”.
Успешното враќање на сцената, на Еминем му донесе и неколку хит синглови, како и 10 номинации за претстојното доделување на Греми наградите.
На второ место е заминувањето на страшниот Сајмон Кауел од местото судија во Американскиот Идол, а на трето место е младата кантри ѕвезда Тејлор Свифт која својот трет албум “Speak Now” успеа да го продаде во милион примероци за само недела дена.
Лил Вејн кој останува во затвор, е на четврто место, додека пак лудилото кои владее во светото поради тинејџ ѕвездата Џастин Бибер е на петто место.
Листата има 25 места, а не нејзе се најдоа и прекинот на турнејата на U2, мјузиклот “Американски идиот” на групата Green Day, Вајклиф Жан за кандидатурата за претседател на Хаити и многу други.