Се разведуваат, но заедно го прославија роденденот на синот – Кјара Ферањи и сопругот објавија фотки со децата
- Детали
- среда, 20 март 2024
„Сме имале кризи во минатото, но оваа ни е најлошата досега“ – изјави неодамна инфлуенсерката Кјара Ферањи за разводот со сопругот. Тие двајца, сепак одлучија да ги смират страстите и заедно да го прослават роденденот на нивниот син.
Најпознатата италијанска инфлуенсерка е топ тема во родната Италија заради скандалот во кој се најде заради лажна кампања за добротворни цели, а истовремено сите очи се вперени во неа и заради разводот со сопругот Федерико Лучија, попознат како Федез.
Сепак и покрај гласините за развод, Кјара и Федез одлучија барем на еден ден да ги смират страстите и заедно да го прослават роденденот на нивниот син Леоне.
Вчера (19.03) Кјара и Федез направија тематска роденденска забава за синот, со торта, колачи и декорации инспирирани од анимираниот филм за деца Sonic, а двајцата објавија заеднички фотки со децата на своите Инстаграм профили.
„Среќен роденден на љубовта на мојот живот која полни 6 години денес.
Сѐ уште го помнам првиот миг кога те видов и те држев во моите раце: мислам дека тоа беше најмагичниот миг во мојот живот.
Ти благодарам што ме направи мајка, твоја мајка засекогаш“ – напиша Кјара до фотката на која се гледа дека убавиот ден го одбележале прво во домашна атмосфера.
Федез не се фотографираше со Кјара, но и тој објави фотка со децата и напиша: „Среќен роденден љубов моја“.
Гласините за разводот за Кјара и Федез почнаа масовно да се шират низ италијанските портали и таблоиди во текот на изминатите месеци, а неодамна инфлуенсерката даде изјава на телевизија и рече:
„Се верува дека зад секој мој чекор стои тим експерти и дека јас сум главна за сѐ. Но, ова е вистинскиот живот и не е стратегија. Разделбата меѓу мене и Федерико е вистинска, луѓето мислат дека ова е некаква маркетинг стратегија, но тоа не е вистина.
Ова не е трик, иако јас би сакала да биде. Ние разговараме меѓу себе, затоа што сме двајца возрасни луѓе кои се сакаат, и не е дека сме го прекинале контактот, но се наоѓаме во криза. Сме имале кризи во минатото, но оваа ни е најлошата досега“.
Инаку, според дел од италијанските таблоиди разводот на најпознатиот италијански пар е последица на скандалот во кој се најде Кјара во изминатите месеци, кога беше обвинета дека учествувала во лажна кампања за добротворни цели.
Прочитајте и Се разведува инфлуенсерката Кјара Ферањи: И сопругот бега од нејзините правни скандали
Погледнете повеќе фотки од роденденот на синот на Кјара и Федез во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело