Пенелопе Круз е пример како секоја жена треба и сака да изгледа на 45 години (фото)
- Детали
- понеделник, 02 септември 2019
Елегантна и грациозна дама – Пенелопе Круз очигледно не старее и на 45 години блеска на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, облечена во фустан-венчаница.
Таа важи за една од најубавите жени, а очигледно титулата ќе ја носи доживотно, со оглед на тоа што старее со стил.
Секогаш беспрекорна, средена од глава до пети, зрачи со доза на елеганција и никогаш не разочарува со изгледот.
На црвениот тепих во Венеција се појави во бел, долг фустан кој наликува на венчаницa, со впечатлива шминка со црвен кармин и собрана коса.
Претходно, по пристигнувањето во италијанскиот град, Пенелопе се појави во два различни аутфити и ги привлече сите погледи низ улиците.
Шпанската актерка е пример како секоја жена сака и треба да изгледа:
M. M. | Црнобело