Традицијата со која Хари и Вилијам ѝ оддаваат почит на принцезата Дијана
- Детали
- сабота, 31 август 2019
По повод 22-рата годишнина од смртта на принцезата Дијана, Хари и Вилијам ќе ѝ оддадат почит на нивната мајка како и секоја година.
Според некои информации, една од традициите на браќата е одење на ручек или вечера во Кензингтонската палата во Лондон на 31-ви август – денот кога загина Дијана.
И покрај болната симболика на овој датум, војводите од Кембриџ и Сасекс го минуваат денот заедно присетувајќи се на убавите моменти со нивната мајка. Тие разговараат за постапките на Дијана што ги радувале, патувањата, но и роденденските прослави што ги организирала за нив.
Но Хари и Вилијам не ја следат традицијата сами – нивните сопруги, Меган и Кејт, ги придружуваат. Со нив се и нивните деца кои ги слушаат приказните за нивната баба.
Хари и Вилијам сакаат да го одржат сеќавањето за нивната мајка па редовно разговараат за нејзината добротворна работа и бараат начин да го продолжат нејзиното наследство. Според изворите од палатата, помагањето на другите им е приоритет.
Всушност, пред само две недели Хари и Меган споделија цитат од Дијана на официјалниот профил на кралското семејство на Instagram:
„Направете добро дело, без очекувања за награда, знаејќи дека еден ден можеби некој друг ќе го направи истото за вас.“
https://www.instagram.com/p/B08vw-FF5Qa/?utm_source=ig_embed
Парот изјавил дека зборовите имаат моќ да инспирираат, па затоа решиле да споделат некои од нивните омилени цитати. Покрај цитатот од Дијана, тие споделија и неколку мудрости од јавни личности, наставници, студенти и млади лидери.
Ова не е прв пат Хари и Меган да ѝ оддадат почит на Дијана на Instagram – парот го посвети месец јуни на LGBTQ+ заедницата. На една од објавените фотографии се наоѓаше и Дијана која бестрашно водеше кампањи за СИДА и се обидуваше да ја отстрани стигмата од болеста.
Во април 1987-ма година Дијана ја отвори првата единица во Велика Британија која се грижи исклучиво за луѓе со ХИВ.
Влијанието на Дијана врз добротворната работа на Хари може навистина да се забележи. Исто како и неговата мајка, и Хари има зборувано против употребата на нагазни мини.
Во еден незаборавен момент во 1997-ма година, Дијана прошета низ поле со активни нагазни мини за да ја зголеми свеста за нивната опасност.
И Меган и Кејт ѝ имаат оддадено почит на принцезата на нивен суптилен начин. На пример, и двете носат нејзин накит. Во 2010-та, пак, Вилијам ја запроси Кејт со вереничкиот прстен на мајка му.
Дури и вереничкиот прстен на Меган има два дијаманти од приватната колекција на Дијана.
Хари изјавил дека доколку би била жива, Дијана и Меган би биле најдобри пријателки.
„Таа би била пресреќна, скокајќи горе и долу, навистина возбудена“, изјави Хари во врска со неговата свршувачка.
Духот на починатата принцеза дефинитивно живее и со оваа генерација, а нејзините синови прават сè за да го зачуваат нејзиното сеќавање.
Спирова С. | Црнобело