Како и каде летуваат кралските семејства од целиот свет?
- Детали
- недела, 18 август 2019
Како и секој од нас, и членовите на кралските семејства заслужуваат одмор. Некои кралски семејства следат традиција и секоја година го посетуваат истото место. Некои одбираат едукактивни одмори, а некои, пак, сакаат нешто поегзотично.
Сепак, вистински ќе се изненадите од изборот на летна дестинација на кралските семејства бидејќи повеќето од нив одбрале скромен одмор, па дури и во нивната држава.
Погледнете како и каде летуваат кралските семејства ова лето:
Шведското кралско семејство
Принцезата Викторија и принцот Даниел ги однесија своите деца Естел и Оскар на кратко патување до шведскиот остров Бло Јунгрфун. Бидејќи ниту еден одмор не е комплетен без семејна фотографија, кралското семејство позирало пред масивната статуа во паркот за скулптури Pilane.
Принцезата Софија и принцот Карл Филип од Шведска објавија семеен портрет со нивните синови Александер и Габриел.
„Сакаме да ви посакаме многу убаво лето“, стои во нивната Instagram објава.
Шпанското кралско семејството
Кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија исто одбраа одмор на поблиска дестинација. Кралскиот пар ги однесе принцезите Леонор и Софија во музејот Mon Marroig во Палма де Мајорка.
За да го обележат нивното патување, тие направиле и серија портрети.
https://www.instagram.com/p/B06gPQsnbxd/
https://www.instagram.com/p/B0wll-UnNqx/
Данското кралско семејството
Данското кралско семејство уживаше во крстарење со кралската јахта Danneborg околу Данска. По пат застанувале на разни места, а своите авантури ги споделија на нивниот семеен Instagram профил.
Трета година по ред кралскиот пар ги носи своите деца да ги види разните значајни локации низ нивната држава.
Кралското семејство од Норвешка
Принцезата Мет Марит од Норвешка е активна дури и во лето, па тргнала на велосипедска тура со нејзината снаа.
Принцезата Марта Луиз од Норвешка објави фотографија од брод, и им посака добро лето на сите свои Instagram следбеници.