Познати личности кои не се откажале и го довршиле школувањето откако станале славни
Џејмс Франко
Во 2008-ма година Џејмс ја добил својата диплома од UCLA. Во 2011-та се преселил во Њујорк и се запишал на Универзитетот Колумбија. На крај запишал и докторат на Јејл.
Џозеф Гордон Левит
Џозеф се запишал на Универзитетот Колумбија во 2001-ва година. Во тој период веќе беше доста познат. Сепак, во 2004-та година се отпишал за да ѝ се посвети на актерска кариера.
Ема Вотсон
После снимањето на серијалот Хари Потер, во 2009-та година Ема се запиша на факултет. Во 2014-та година ја доби својата диплома за англиска литература.
Ева Лонгорија
Актерката магистрирала на државниот универзитет во Калифорнија во 2013-та година. Учела додека сè уште ја снимала серијата Desperate Housewives.
Мајим Бијалик
Знаевте ли дека Мајим не само што глуми генијалец во серијата Big Bang Theory, туку е генијалец и во приватниот живот. Во 2000-та година дипломирала на UCLA, a во 2007-ма година го добила и својот докторат.
Стивен Спилберг
Спилберг дипломирал во 2001-ва година, долго откако станал познат режисер. Интересно е што се запишал 37 години пред тоа и му бил потребен уште еден кредит за да дипломира.
Опра Винфри
Кога Опра се отпишала од факултет за својата кариера, навистина се исплатело. Но во 1987-ма година решила дека сака да заврши и сега има диплома за телекомуникации.
Спирова С. | Црнобело