Познати личности кои не се откажале и го довршиле школувањето откако станале славни
- Детали
- недела, 11 август 2019
Повеќето завршуваат факултет за да можат да најдат подобра работа и подобра плата. Но што кога ќе станете познати и веќе имате милиони на вашата сметка?
Можеби некои тогаш нема ни да помислат на учење, но некои ѕвезди не спаѓаат во оваа категорија.
Голем број познати личности решиле да ги довршат студиите откако веќе станале славни и богати.
Овие луѓе се доказ дека никогаш не треба да престанеме да учиме, без разлика на нашата возраст и нашиот статус:
Натали Портман
Во 1999-та година, тогаш 18-годишната Натали се запишала на Харвард и добила диплома по психологија. Можеби се сеќавате на нејзината популарна изјава:
„Не ми е грижа ако факултетот ми ја уништи кариерата. Подобро да бидам паметна отколку филмска ѕвезда.“
Мери Кејт и Ешли Олсен
Олсен сестрите се запишале на Универзитетот во Њујорк, купиле дом од 7,3 милиони долари, но потоа сепак одлучиле да го напуштат факултетот. Причината била тоа што сакале да следат свои други интереси.
Шекил О’Нил
Познатиот кошаркар одел на Универзитетот Луизијана Стејт, но се откажал после 3 години. Им ветил на родителите дека ќе дипломира, а го исполнил ветувањето во 2000-та година.
Брук Шилдс
Брук е актерка и модел уште од нејзината 12-та година, но решила да направи пауза од Холивуд за да дипломира. Во 1987-ма година дипломирала на Универзитетот Принстон, на насока француска литература.
Џоди Фостер
Актерката успеала да снима 5 филмови, навреме да ги завршува обврските од факултетот и да ги добие најдобрите оценки на Јејл. Денес има диплома за литература.
Дакота Фенинг
Дакота сè уште е на факултет каде што изучува „филм и претставувањето на жените во филмовите“. Изјавила дека ѝ треба малку повеќе време за да дипломира, но дека ќе биде навистина среќна кога ќе се случи тоа.
Тајра Бенкс
Тајра не само што се вратила на училиште во 2012-та година, туку држела и предавања на Факултетот по бизнис на Стенфорд.